11 C
Struga
Friday, May 3, 2024
spot_img

Карим Бензема ја освои „Златната топка“ 

Карим Бензема ја доби наградата „Златна топка“ која секоја година му ја доделува светски познатиот спортски магазин „Франс фудбал“ на најдобриот светски фудбалер.

Бензема беше најголемиот фаворит за освојување на оваа награда. Беше најдобар стрелец и играч на Реал Мадрид во походот кон европските и шпанските шампионски титули. Во сезоната постигна 50 гола, од кои 15 во Лигата на шампионите. Наградата му ја додели Зинедин Зидан.

За најдобар голман е прогласен Тибо Куртоа. Фудбалерот на Барселона Гави ја доби наградата Копа за најдобар млад фудбалер во светот. Садио Мане е првиот во историјата кој ја доби наградата Сократес, за придонес на фудбалер во заедницата, а титулата најдобар фудбалер на светот ја одбрани Алексија Путелас. Наградата за најдобар стрелец му припадна на Роберт Левандовски, втора година по ред. Манчестер Сити е прогласен за најдобар клуб на годината.

Ерлинг Халанд заврши десетти во изборот за Златна топка, Винисиус Јуниор беше осми, Куртоа седми, Мбапе шести, Салах петти.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles