17.7 C
Struga
Sunday, May 19, 2024
spot_img

Казнети 166 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија во текот на вчерашниот ден, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 166 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 96 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles