12 C
Struga
Thursday, May 2, 2024
spot_img

Инспекторите со опомени за трговците кои немаат двојазични етикети

Казни нема, но инспекторите веќе ги опоменуваат трговците кои немаат двојазични етикети на производите. 

Трговец кој сакаше да остане анонимен до нашата редакција ни испрати записник од спроведен надзор во кој инспекторите оваа обврска ја констатирале како прекршок.

Од Државниот пазарен инспекторат велат, и самите се свесни дека роковите за да се имплементира законот се многу кратки.

Дури имавме препораки од колегите од Словенија дека треба да се воведе рок од минимум 6 месеци за да се имплементира тој закон. Среќа што законот има опомена, односно решенија со наредба со одреден рок за отстранување на недостатоците. Инспекторите сфатија дека е многу мал периодот од 8 дена да, на пример, на 100.000 артикли ставите двојазична декларација.-Државен пазарен инспекторат.

Преодниот рок на стопанствениците да се усогласат со новите задолженија бил договорен усно со директорот на Пазарниот инспекторат, изјави министерот за економија Бектеши. За декларациите на производите во залиха нема да се казнува, а амбалажите на новите набавки мора да бидат двојазични.

Членот 37 од Законот за заштита на потрошувачи ги обврзува производителите своите продукти освен на македонски да ги бележат и на албански јазик. Освен декларациите, корекции треба да се прават и кај сертификатите, гарантните листови, упатствата за склопување и користење на производот и листата на овластени сервиси.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles