8.2 C
Struga
Saturday, May 4, 2024
spot_img

Известување – Македонските војници кои се на испомош во Словенија се во добра здравствена состојба

Македонските војници во Словенија се во добра здравствена состојба.
Двајца македонски војници од контингентот упатен на испомош во Словенија во текот на вчерашниот ден по чистење на подрумски простории од последиците од поплавите, заедно со словенечките колеги, се пожалиле на мачнина од јаглерод моноксид по што превентивно се префрлени во болница за детални прегледи.
По испитувањата утврдено е дека тие се добро и во текот на утринските часови вратени се во сместувачките капацитети каде денеска ќе одмараат.
Благодарност до словенечките пријатели за брзата реакција!

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles