8.9 C
Struga
Saturday, April 27, 2024
spot_img

Извесен пораст на нови случаи на ковид-19 засега не е причина за загриженост

Комисијата за заразни болести засега не е загрижена за извесниот пораст на новите случаи на ковид-19, особено вчера, кога бројката прв пат од еден месец надмина 100.. 

Бројката на позитивни случаи кои стигна и над 100 за еден ден го отвори прашањето дали ќе има нов бран со високи бројки на ново заразени. Во земјите во Европа веќе е детектирана БА4 и БА5 варијантата која многу побрзо се шири и од претходните, но дава лесна клиничка слика. Во Македонија досега не е детектирана оваа варијанта. За портпаролот на комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ вели дека состојбата е стабилна и во наредните недели не очекуваат влошување на состојбата.

Засега маски се носат во јавниот превоз, аптеките и болниците. Од комисијата велат дека не очекуваат дека ќе има строги мерки во летниот период, дури олабавување на досегашните.

Вирусот многу брзо мутира и не може да се очекува каква есен ќе има и дали може да дојде потешка варијанта на вируост што е и очекувано, вели Мехмедовиќ. Она што е важно граѓаните да се имунизираат а ќе се разгледува и можноста дали граѓаните со хронични болести и повозрасните ќе примаат и четврта доза на вакцина.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles