17 C
Struga
Sunday, May 5, 2024
spot_img

Избрани експертите за уставните измени

Отсуството на опозицијата во работните групи за пишување на уставните амандмани сериозно ќе се одгрази на процесот . Дел од екеспертите кои се најдоа на листата на министерството за правда, велат дека наместо бегање од процесот, опозициските партии треба да ги судрат своите ставови со другата страна.

Поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николовска за Сител вели дека очекува успешен процес. Според неа потребно е да се покаже зрелост за процесот на менување на Уставот, но тоа не значи и да се има ист став со другите.  

Сител конткатираше и со дел од професорите но велат дека засега нема да ги изнесуваат своите ставови во јавноста. Сепак  се единствени дека какви и да се случат промени на највисокиот правен акт, треба да се земе во предвид европската агенда на државата.

Од министерството за правда велат дека списокот не е кончен и најавуваат проширување на списокот на експерти во наредниот период.  

Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови.

Засега нема најава кога 23-те члена на работана група за уставните амандмани ќе се состане за да ја утврди динамиката на работа.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles