11 C
Struga
Friday, May 3, 2024
spot_img

Зеленски во Одеса го надгледува утоварот на жито во бродовите, почнува извозот 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го посети регионот на Одеса, каде што го следеше товарењето на жито во товарните бродови, кои, се надеваат, би требало да започнат со извоз за прв пат од почетокот на инвазијата.

Зеленски го следеше товарењето на житото во пристаништето Чорноморск. Да потсетиме, Москва потпиша договор со Украина, Турција и ОН со кој се обврзува да не ги напаѓа бродовите што извезуваат жито и други прехранбени производи од три украински пристаништа.

Украина се надева дека благодарение на овој договор ќе може да извезе десетици милиони тони жито, кои се блокирани во пристаништата од почетокот на војната. Извозот на украинското жито треба да го намали притисокот врз цените на храната ширум светот, особено во Африка и на Блискиот Исток.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles