Летното сметање на времето започнува вечерва во 02:00 часот кога стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред.
Летното сметање на времето или летно време е договорено правило за пометување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен.
Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји во светот.