11 C
Struga
Friday, May 3, 2024
spot_img

Запленети рибарски мрежи и охридска пастрмка во близина на с.Радожда

На 29.07.2022 во периодот од 01.00 до 15.00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ преземени се зајакнати мерки и активности во водите на Охридското Езеро.

Од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ преземени се зајакнати мерки и активности во водите на Охридското Езеро, од сливот на реката Сатеска до с.Радожда, струшко, при што биле пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи, со вкупна должина од 3.400м и улов од 667 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 66 кг и 12 парчиња охридска пастрмка. 

Притоа, констатиран е и прекршок по чл.23 и 25 од Законот за внатрешна пловидба, односно управување на скутер за време на забрана, и по чл.68 – за непоседување на пловидбена дозвола и уверение за управување на пловен објект за време на контролата и против сторителот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles