12.2 C
Struga
Sunday, May 5, 2024
spot_img

Замрзнатите маржи остануваат до април

Основните прехранбени производи ќе се продават со замрзнати маржи до крајот на април. Мерката, која истекуваше на 31 декември, владата утре ќе ја продолжи, за да не се случи скок на цените и нов удар на стандардот кај граѓаните.   

Според министерот Бектеши, благо поевтинување на  одредени продукти  веќе има, поради поевтината  струја која ја добија производителите од прехранбената индустрија. Тврди дека нема леб над 52 денари , а масло за јадење може да се најде и под 100 денари

Благо поевтинување мислам дека веќе има. Нема веќе леб од 52 денари за што се правеа драми тука во Медија центарот на Владата. Веќе и „Жито Лукс“ почна да ги намалува цените, а одредени производители веќе неколку недели ги намалуваат.

Маслото за јадење не е веќе 150 денари, ниту 160 денари. Може да се најде и под 100 денари во одредени маркети. Ние секогаш сме кажувале дека очекуваме во месец декември да има намалување од 7 до некаде 12 максимум 13 отсто и ако одиме по листата на производите, кои се во одлуката да направите споредба ќе видите дека таков процент на намалување има.

Ние сме биле многу отворени, транспарентни посебно спрема граѓаните и не сме кажале дека ќе има намалување од 50 отсто, 70, 80 отсто за месец декември. За месец јануари се прават калкулациите и од компаниите и од стопанските комори и секако дека очекуваме да има дополнително намалување. Колку ќе биде тоа намалување ќе ве известиме навремено откако ќе ги завршиме консултациите со сите стопански комори, вели Бектеши.

Се прават и последните калкулации кои луксузни производи ќе поскапат за 5%, одноно ќе се даночат наместо со 5 со 10%.

Драфт верзијата ќе се добие за две недели, по што ќе биде споделена со јавноста. До сега околу 3,000 прехранбени производи имаа повалстена стапка од 5%. Но власта утврди  дека овде спаѓаат и оние кои не може обичниот граѓанин да си ги дозволи, како тартуфи, перки од ајкула, чија семе, луксузни кашкавали, морски плодови, сите видови млеко- освен обичното, тропски овошја – како авокадо, манго,  , специјалзирани цемови, путер од кикирики и  уште многу други.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles