23 C
Struga
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Законските измени утре во Собрание, дали власта и опозицијата ќе се договорат за забрана на спорни здруженија

Законското решение кое треба да спречи формирање здруженија со спорни историски имиња утре влегува во собраниска процедура. Текстот го подготви опозицијата, а власта најавува негова поддршка бидејќи време нема, а предлог законот во Министерството за правда се уште не е готов.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека опозицијата е подготвена да прифати одредени забелешки на власта во однос на подобрување на ова законско решение, се со цел да се спречи формирање на здруженија кои го понижуваат и асимилираат македонскиот народ.

Повикот на министерот Осамни до опозицијата за обединување на тема Европска унија, засега е само преку медиумите. Мицкоски вели дека покана за средба се уште не добиле, но неговиот став останува непроменет- консензус за ова прашање власта требаше да гради пред да ги потпише како што вели штетните договори со Бугарија.  Дека Македонија напредува со крадење, а не на патот кон Унијата, според Мицкоски покажува и последниот извештај на Европската комисија.

Преговорите со Бугарија беа тешки вели премиерот Ковачевски, но компромисот беше неопходен за да се откочи европската иднина на државата. Наспроти европскиот концепт на Владата, Ковачевски вели дека од другата страна е концептот на опозицијата кој води кон изолација и назад во минатото.  

И јас го делам чувството на нашиот народ и ми беше тешко во разговорите и тоа го кажав како некој да ве сече со нож во стомакот. Но, на крајот на денот мора да се донесе одлука, да се обезбеди европска иднина. И тоа се очекува од некој што го води својот народ. Другиот концепт е оној на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тој концепт ја води земјата во изолација и враќање назад во минатото, да седи народот сам, раскаран со светот, со ЕУ. До 2030 година можеме да станеме членки на ЕУ. На тој пат предизвици ќе има но граѓаните ќе бидат горди, со крената глава и побогати од тоа што се денеска. Тоа е тоа за што јас се залагам, рече претседателот Ковачевски.

Иако на обединување околу европската агенда на Македонија повикува и Унијата, Ковачевски и Мицкоски досега имаат одржано само една средба во чиј фокус беше енергетската криза.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles