16 C
Struga
Sunday, May 12, 2024
spot_img

Законските измени за здруженија и политички партии денеска на комисиска дебата

Предлог измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, и на Законот за политичките партии, поднесен од СДСМ, денеска се на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Пратениците пред две недели дадоа зелено светло Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се донесе по скратена постапка. Од присутните 84 пратеници, сите гласаа „за“.

Со законските измени кои ги предлага опозициската партија, би требало се ставило крај на, како што велат, отворање здруженија и фондации чии програми и цели се насочени кон уривање на уставниот поредок на земјава, кон поттикнување на воена агресија, како и кон разгорување национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, како и преземање активности поврзани со тероризам или активности спротивни на Уставот.

Измените на овој закон предвидуваат дека за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава министерот за правда, по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles