15 C
Struga
Wednesday, May 8, 2024
spot_img

ЕУ ги повика граѓаните да го следат планот за намалување на зависноста од руска нафта и гас

Во заложбите да се ослободи од зависноста на руската нафта и гас, Европската комисија ги повика граганите на унијата помалку да возат, да ги исклучуваат клима уредите и да работат од дома три дена во неделата.

Европската комисија проценува дека мерките, развиени во соработка со Меѓународната агенција за енергија, ќе им заштедат на домаќинствата во просек по околу 500 евра годишно.

Доколку сите граѓани на еу го следат планот од девет точки наречен „ја играм мојата улога“ (Playing My Part) ќе се заштеди доволно нафта за да се наполнат 120 супер танкери и доволно природен гас за загревање на речиси 20 милиони домови, соопшти Европската комисија.

Користењето помалку енергија не е само директен начин за европејците да ги намалат сметките, туку исто така ја поддржува украина со намалување на потребата за руска нафта и гас, и се помага да се намалат приливите на приходи што ја финансираат инвазијата, наведува европската комисија

ЕУ објави План од 9 точки за намалување на зависноста од руски гас!

Европската унија објави извештај кој содржи низа препораки насочени кон намалување на последиците предизвикани од руската воена операција во Украина, а со тоа и од западните санкции против Русија.

Заштедата на енергија одамна е потребна за да се исполнат климатските цели, но неколкумесечните поскапувања на енергијата и борбите за намалување на зависноста од руските фосилни горива по воената операција на Москва во Украина го ставија ова прашање на политичката агенда.

Планот на Европската комисија „Играјќи ја својата улога“ содржи девет точки, препораки, кои ги повикуваат граѓаните почесто да користат јавен превоз или повеќе да работат од дома.

Европската комисија исто така повикува на овие чекори:

Во зима користете помалку централно греење, а во лето намалете ја употребата на клима уред;

Возете побавно на автопатите, со исклучена клима на автомобилот, што троши помалку гориво;

Користете воз наместо авион;

Почесто користете јавен превоз, повеќе пешачете или возете велосипед.

Во недела воопшто не возете автомобил, како што е веќе пракса во некои градови.

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) соопшти дека доколку се следат препораките, може да заштеди 450 евра годишно на сметката за енергија на типично домаќинство од ЕУ, во зависност од фактори како што се типот на куќата и автомобилот што ги има домаќинството.

Доколку се спроведат низ ЕУ, мерките би можеле да заштедат 220 милиони барели нафта годишно и 17 милијарди кубни метри гас, соопшти ИЕА.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles