14 C
Struga
Sunday, April 28, 2024
spot_img

Екипата на Струга ТЛ во квалификациите за ЛШ ќе игра против Жалгирис од Литванија

Екипата на Струга ТЛ ќе игра против литвански Жалгирис на своето деби во квалификациите во Лигата на шампионите.

Стружани добија неатрактивен противник, но избегнаа два големи фаворити како унгарски Ференцварош и бугарски Лудогорец, иако Жалгирис не е нималку лесен клуб за поминување. Првиот натпревар Струга ќе го игра на гости, а реваншот е седум дена потоа.

Жалгирис во изминатата сезона играше во групите во Конференциската лига со Базел, Слован Братислава и Пјуник, што беше нивни историски пласман после фантастични квалификации во кои минаа три рунди во ЛШ – Балкани, Малме и Бодо Глимт, а од Лудогорец загубија за пласман во Лига Европа.

Првиот натпревар е на програмата на 11/12 јули, а реваншот е седум дена подоцна на 18/19 јули.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles