13 C
Struga
Saturday, May 4, 2024
spot_img

Евростат: Очекуваниот животен век во Македонија изнесува 74 години – а просекот во ЕУ е над 80

Животниот век во Македонија споредено со 2019 година е намален за 2 години – покажуваат податоците на Еуростат… 

Македонија е далеку под Европскиот просек за животен век од 80 години. Споредено со предпандемиската 2019 година, просекот е паднат за над две години, односно најголем пад во регионот, вели анализата на Евростат за очекуван животен век во Европа. Животниот век во земјава е 74,4 години, што ја прави Македонија подобра само од Бугарија која пак е најлоша во регионот. Покрај многуте причини, најголем удел во ваквата негативна стапка во последниве две години има пандемијата, смета екс-директорот на ДЗС Дончо Герасимовски.

„Секако има силно влијание на намалување на населението, каде што процентот на умрени лица е доста пораснат во последниве две години, но треба да имаме во предвид дека како Македонија имаме и негативен природен прираст. Тоа значи дека бројот на населението се намалува во природен пад, односно имаме повеќе умрени, отколку што имаме број на родени.

Сепак, доколку се изземат последниве две години, иселувањето од Македонија, најчесто на младите, е главниот фактор што земјава е толку далеку под европскиот просек, смета Герасимовски. Причина за тоа е барањето подобра образовна или економска средина за живеење, вели тој, додавајќи дека тоа може да се промени со добра стратегија.

Со една стратегија, како и голем број на земји кои што се соочуваат појави, имаат направено стратегија за популациона политика и подобрување на сите оние параметри кои треба да се преземат со еден акционен план. Стратегија која што ќе даде стимулс на младите, стимулс за подобар животен стандард, стимулс на вработување, стимулс на подобри плати

Единствена земја од регионот која е над европскиот просек е Грција со 81,4 години. После нејзе следуваат Хрватска со 77,8, Албанија со 77,4 и Црна Гора со речиси со 76 години. Во Србија очекуваниот животен век изнесува 74,5 години, а на дното е Бугарија со 73,6 години.

Најдолг животен век според Евростат имаат Норвежаните со 83,3 години во просек, а потоа следуваат Финска и Швајцарија со 83,1 година.

Очекуваниот животен век при раѓање е просечниот број на години што едно лице може да очекува да ги живее при раѓање доколку е подложено на моментални услови на смртност во текот на остатокот од својот живот. Помеѓу 2002 и 2020 година очекуваниот живот век во ЕУ е зголемен за речиси три години.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles