16 C
Struga
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Додека светот се ослободува од стегите на ковид, Кина во „лок даун“

Додека епидемиолошката крива мирува останува неодговорено прашањето кога ќе се прогласи конечен крај на пандемијата…. 

На пандемијата ѝ се гледа крајот, ама токму поради Кина, од каде што и тргна, короната не може офијално да се прогласи за „замината“. Ако претходно цел свет беше во карантин соочувајќи се со силно бранување на вирусот кој досега зеде над шест милиони човечки животи, само Кина живееше слободно. Ама сега речиси сите ги спуштаат „ковид рампите“ и се враќаат на „старото нормално“, а во исто време Кинезите се во лок даун. Поради Кина и нејзината досегашна стратегија на „нулта заразени“ не ќе може да се прогласи крај на пандемијата, објаснува за Канал 5 Проф. Д-р Никола Пановски кој оценува дека кај нас таа веќе преминува во ендемија.

„Зависи од кој агол гледаме за да кажеме кој бил во право. Ако земеме колку тие имаат починати, немаат ни 5000, а ние имаме над 7000, тоа е од прилика 1000 пати помалку починати.

„Замислете, она истото на почетокот што го правевме во Дебар, а се бараше и истото да се спроведе во Куманово, да се спроведуваше три години. Во државава ќе умреа многу повеќе од други работи, на пример од глад. Целосно да ги затворевме границите, може немаше да имаме сега 9000, туку 90 починати, но голем број од граѓаните ќе избегаа преку граница, меѓу себе ќе се испотепавме. Тоа е невозможно, ние имаме избори па и 100 влади ќе паднеа. Тоа е тоа што во Европа не можеше да се изведе. По мое, сметам дека претераа.

Според Д-р Пановски, епидемиолошката крива е стабилна, но, вели веќе се навикнавме да живееме во страв, па сега за дел од граѓаните потребен е период на адаптација за да се вратат на она „старо нормално“ кое го живееле пред короната.

На работа, по улици, се уште има луѓе кои не можат да се ослободат од маските, им станало навика. Носат по две маски, и надвор и внатре, а има и такви кои се уште не одат на гости. Се уште има стручни колегиуми он лај, сега, седам Совет на град Скопје со 70 луѓе, а колегиуми кај што сме доктори се уште имаат страв. Тие работи ќе траат, а тие што и претходно биле опуштени, разлика нема да почувствуваат.

Пановски смета дека мерките сега веќе немаат смисла, па ја одобрува последната препорака на Комисијата за заразни болести според која треба да „паднат“ сите рестрикции во Македонија, освен задолжително да се носи маска во болница, аптека, автобус и старечки дом. Се очекува ова Кризниот штаб и Владата да го прифатат, но седница според најавите ќе има по празниците.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles