10.9 C
Struga
Friday, May 3, 2024
spot_img

Денеска е 200-ти ден од војната – дали контраофанзивата на Украина најавува пресврт?

Украинските сили ја засилуваат контраофанзивата на истокот на земјата. 

Војската презеде целосна контрола над градот Балаклија во североисточниот регион Харкив, заедно со други постигнувања, откако започна контраофанзива на почетокот на овој месец. Преку Телеграм соопшти дека украинското знаме било подигнато во Балаклија и дека нејзините војници влегле во Купјанск, додека украинските сили се наоѓаат на периферијата на Лишанск и дека борбите продолжиле надвор од Лиман.

Кога украинските сили дојдоа, искрено не очекувавме, навистина не очекувавме. Кога ги видов украинските војници со назнаките, со укринскот знаме, беше прекрасно, прекрасно.

Луѓето се среќни дека дојде ослободувањето. Луѓето се дома во нивната татковина, среќни дека нема повеќе руска окупација, нема повеќе опресија и криење во визби, нема повеќе тајни служби. Но во истовреме луѓето се истрауматизирани од окупацијата.

Украински претседател Володимир Зеленски во видеообраќање доцна синоќа порача дека руската армија го покажала најдоброто што може – да го покаже грбот.

-Движењето на наште војници во различни правци на фронтот продолжува. Досега, како дел од активните акции од почетокот на септеври, околу 2000 километри од нашата територија се ослободени. Овие денови, руската армија го покажува најдоброто што може да направи – а тоа е да го покаже грбот. И на крајот, тоа е добар избор за нив – да бегаат,изјави – Володимир Зеленски – Претседател на Украина.

Руското Министерство за одбрана за прв пат од почетокот на контраофанзивата најави повлекување на своите сили од две области. Портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков изјави дека војниците ќе бидат прегрупирани од областите Балаклија и Изум во регионот на Доњецк.

-Во насока да се постигне државната цел од специјалната воена операција за ослободување на Донбас, беше донесена одлука да се прегрупираат руските трупи од областите Балаклија и Изум во регионот на Доњецк,изјави – Игор Конашенков – Портпарол на Министерство за одбрана на Руска Федерација.

Во меѓувреме работата на нуклеарната електрана Запорожје, која е под руска контрола, е целосно прекината како мерка за безбедност на централата, соопшти денеска украинската енергетска компанија Енергоатом. Компанијата прецизираше дека го исклучила шестиот реактор на нуклеарната централа од електричната мрежа по 3 часот по локално време.

Денеска е 200-ти ден од војната. Противникот на Путин и поранешен руски олигарх во егзил Михаил Ходорковски, на Твитер објави копија од документ на руското Министерство за финансии, од кој, произлегува дека од 28 август Русија на семејствата на загинатите војници им исплатила вкупно 361,4 милијарди рубљи или по 7,4 милиони за секој паднат војник, што според него значи дека досега загинале 48 759. Ходорковски понатаму наведува дека во бројката не се вклучени исчезнатите војници, како и оние што се борат под знамињата на сепаратистите од Доњецк и Луганск.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles