16 C
Struga
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Комисијата за европски прашања ја одложи за два дена денешната седница на која требаше да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести.  

Според Предлог законот, во случај на појава на заразна болест, се предлага забрана за влез во објекти за лица кои не се вакцинирани или немаат потврда за прележана болест. Во член 29, пак, се додава нов член 29 а, којшто заради спречување на ширење на заразни болести дозволува Министерството да примени технолошки достигнувања како интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично. Според министерто Сали носењето на законот е само за да има владата законска покриеност во случај на појава на заразна болест да носи мерки за ограничуавња на движење на невакцинираните

Една од мерките за успешно и навремено сузбивање на заразните болести е задолжителното пријавување и информирање за појава на заразни болести и епидемии.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населени од заразни болести е со европско знаменце, односно треба да се изгласа по скратена постапка но според министерто тоа не значи дека веднаш ќе се донесат забрани за невакцинраните туку само ако има потреба односно ако се зголеми бројот на заболени од КОВИД или други заразни болести.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles