6 C
Struga
Sunday, May 5, 2024
spot_img

Голем дефект го остави речиси цело Скопје без струја

Испад на далекуводот од трафо-станицата Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица во Пинтија, беше причина за прекин на снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од Скопје, делови од Велес и Овче Поле.

Пола Скопје во мрак. Попладнево повеќе општини во главниот град, Велес и Овче Поле останаа без електрична енергија. Без детални информации поради која причина точно, од МЕПСО информираа дека станува збор за испад на далекувод и пожар од трафостаницата во Пинтија кон Бунарџик. Оттаму вела дека екипите се на терен и допрва ќе се утврдуваат причините .

Од противпожарната бригада потврдија дека дојава за пожар добиле нешто по 17 часот и екипите веднаш интервенирале.

Додека градот беше во мрак, граѓаните беа вознемирени, а се забележуваше и општа паника помеѓу возачите и пешаците низ скопските улици…. Од МЕПСО ги информираа граѓаните дека и во текот на ноќта се можни краткотрајни прекини во снабдувањето , бидејќи екипите ќе работат на остранување на другите дефекти.

Инаку овој испад ги остави граѓаните и без парно греење. Од ЕСМ уверуваат дека состојбата ќе се нормализира. Производството е според планот и се очекува во текот на вечерта греењето да се врати во нормала.

Инаку ова се случува во моменти кога земјава е во најголемата енергетска криза досега. Прогласени се кризни состојби во енергетиката но и во топлинската енергија.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles