15 C
Struga
Sunday, May 5, 2024
spot_img

Голема полициска акција: Запленет амфетамин во вредност од околу 40.000 евра во Катланово

Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција, во заедничка акција со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и со Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, со поддршка од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денес во Катланово лишија од слобода три лица, и тоа М.Ш.(48), Е.Т.(30) и А.З.(19), сите од Скопје, бидејќи кај нив бил пронајден ранец со 14 компресирани пакувања со синтетичка дрога амфетамин, со тежина од околу 7 килограми, чија вредност е околу 40.000 евра.

ОД МВР информираат дека во текот на ноември и декември 2022 година, по наредба на Јавен обвинител од ОЈО Скоје, беше спроведено криминалистичко истражување насочено кон лица дилери, кои вршат продажба на синтетичка дрога амфетамин и на марихуана од Скопје, Велес, Гевгелија и Тетово. Во текот на истрагата лишени од слобода се 13 лица и запленет е околу 1 килограм синтетичка дрога амфетамин и марихуана, за што досега се поднесени 8 кривични пријави до надлежните Основни јавни обвинителства во Скопје и Велес, а на дел од лишените лица одредени им се мерки притвор.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles