11.3 C
Struga
Monday, May 6, 2024
spot_img

Германка бара 150.000 евра отштета поради вакцината против ковид, судењето е одложено

Првиот граѓански процес против фармацевтската компанија BioNTech поради наводни здравствени последици од вакцината против коронавирус е одложен до дополнително известување.

Првото судско рочиште е одложено поради сомневање на адвокатот на тужителот во непристрасноста на претседателот на судскиот совет.

„Адвокатот на обвинителот поднесе барање за промена на претседателот на судечкиот совет поради сомневање за пристрасност“, изјави портпаролот на Покраинскиот суд во Хамбург.

Адвокатите на обвинителот со тоа сакаат да постигнат процесот да се води пред судски совет со повеќе судии, а не само еден, како што беше предвидено.

Поради претрпена штета поради здравствени проблеми наводно предизвикани од вакцината против коронавирус на оваа компанија, тужителката бара 150.000 евра од фармацевтската компанија BioNTech.

Тужителката конкретно се жали на болки во горниот дел од телото, отоци на екстремитетите и хроничен замор.

Компанијата BioNTech, која беше првата фармацевтска компанија што воведе вакцина против коронавирусот на пазарот, ги отфрли обвинувањата на обвинителот како неосновани.

„Врз основа на сите податоци што ни се достапни, ги испитавме здравствените проблеми наведени од тужителот и дојдовме до заклучок дека обвинувањата се неосновани“, објави BioNTech.

Адвокатскиот тим на тужителот изјави дека повеќе од 180 тужби се поднесени пред судовите низ Германија поради наводни здравствени проблеми предизвикани од вакцината BioNTech.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles