8 C
Struga
Thursday, April 25, 2024
spot_img

Времето утре: Претпладне сончево, попладне нестабилно

Претпладне не очекува сончево време со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса и во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles