15 C
Struga
Sunday, May 5, 2024
spot_img

Во сабота започнува изградбата на Коридорот 8

За три дена треба да почнат работите на Коридорот 8. Засега е отворена само плочата која надлежните ја нарекоа камен-темелник. Конзорциумот „Бехтел&Енка“ инсистира дел од договорот да остане во тајност, а властите не откриваат детали од која точка ќе почнат работите во сабота. Не се објавува дали проектирањето за првиот сегмент е направено, ниту мерењата за првите метри.

Министерот за транспорт Бочварски рече дека нема да се повторат грешките на претходната власт со влечење инфраструктурни проекти со години.

Јавното претпријатие „Државни патишта“ распиша конкурс за 28 вработувања со 40 часа неделно. Од 29.000 денари за возачи и административци до 70.000 за проектни координатори и асистенти. И со сегашниот закон предвидениот распоред од 40 часа може да се надмине, рече премиерот Ковачевски. Според предлог-законот за работни односи за прашања од национален и стратешки интерес на државата, по претходна писмена согласност на работниците, тие можат да работат и до 190 часа повеќе годишно. Но, ова сепак нема да одговори на побарувачката без да се донесат половина од работниците и материјалите од странство.

Работите на терен за изградба на коридорите 8 и 10д треба да започнат со сегментот Тетово-Гостивар 17,5 km, период на реализација 33 месеци; потоа Гостивар-Букојчани – 30,3 km, со период на реализација од 57 месеци; Потоа се очекува сегментот Требениште-Струга – Ќафасан 21,7 km, со период на реализација од 49 месеци; Додека за Коридорот 10-Д не се знае кога ќе започне изградбата на патот Прилеп-Битола долг 39,3 километри, за кој е предвиден период на реализација 57 месеци. Приближно, секој километар автопат ќе чини 15 милиони евра.

Проектот за изградба на коридорите 8 и 10-д се очекува да биде 1,3 милијарди евра, без да се вклучи експропријацијата на земјиштето каде што ќе минуваат трасите, што се очекува да биде уште 300 милиони евра.

Дополнителни 22 милиони евра ќе добие компанијата ИРД за надзор на изведување на работите. Динамиката на работите треба да биде 23 километри годишно , со што за 57 месеци ќе се издвојуваат средства од 5 буџети за 110 километри автопат, кој се очекува да биде меѓу најскапите во регионот.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles