8 C
Struga
Thursday, April 25, 2024
spot_img

Во ЕУ досега замрзнати повеќе од 200 милијарди евра средства на руската Централна банка

Земјите од ЕУ замрзнаа средства на Централната банка на Руската Федерација (ЦБРФ) во износ од над 200 милијарди евра, соопштено е денеска во Брисел.

Портпарол на Европската комисија (ЕК), Кристијан Виганд, на прес-конференција зборуваше за обврските на земјите-членки на ЕУ да поднесат извештај за замрзнатите средства на ЦБРФ.

– Крајниот рок за такво известување беше 12 мај, а земјите од ЕУ пријавија повеќе од 200 милијарди евра замрзнати средства на ЦБРФ, рече тој.

Во меѓувреме, земјите-членки на ЕУ истражуваат начини како да искористат некои од замрзнатите средства за да придонесат за идната реконструкција на Украина.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles