16 C
Struga
Sunday, May 19, 2024
spot_img

Влада: Изминатото деноноќие произведени 17.904 мегават часови електрична енергија

АД ЕСМ вчера произведе 17.904 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.

При тоа, како што нагласуваат, во термоелектраните се произведени 8.179, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 9.725 мегават часови електрична енергија.

-Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба се набавени 1.000 мегават часа електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, посочуваат од Владата.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles