Владата попладнево информираше дека ќе го презентира договорот на пратениците со безбедносен сертификат.
Како што информираат оттаму, претставници од Владата и членови на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10–д ,вклучени во овој најголем инфраструктурен проект, ќе ја презентираат документацијата и деталите од Договорот за изградба на овие два коридора, во соодветна собраниска процедура. Целта е, пратениците да се запознаат со содржината и сите детали од Договорот за изградба на двата коридора, кои се од нивни интерес. Презентацијата на Договорот, ќе биде спроведена пред сите пратеници од Собранието кои поседуваат соодветен безбедносен сертификат, информираа од владината прес служба.