11.5 C
Struga
Tuesday, May 7, 2024
spot_img

Владата предлага минималната плата да биде основица за пресметка во јавниот сектор

Владата и синдикатите со различни математики. Но, чие решение ќе преовлада за пресметка на платите во јавниот сектор?! 

Додека синдикатите понудија основица за пресметка да биде просечната плата, Владата иако го прифаќа моделот, сепак е на став дека подобра опција е тоа да биде износот на минималната плата. Согласно владиниот предлог на тој начин, еден помлад соработник кој сега зема плата од 24 илјади денари, за четири години неговите примања би изнесувале 38 илјади денари, сподели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Решението што сега е дадено од страна на Синдикатот е полошо од нашето решение. Ако според нашите проекции помладиот соработник за 4 години би земал 38.000 денари плата, според коефициентот што го понуди синдикатот од 0,8 тој помлад соработник би земал 27 000 денари плата, дури и да има проекција на раст на просечната плата. Еве просечната и да порасне на 40 000 денари, коефициентот секогаш ќе ја намалува и таа на помладиот соработник ќе изнесува 32.000. Ние велиме со нашата методолигија ќе зема 38.000 денари.“ изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Но, сидникатите не се согласуваат со пресметките на Владата. Трпе Деаноски вели дека со моделот што го нуди владата платите би им растеле за 4 до 5 години, а тие бараат зголемување веднаш.

„Со нашата методологија помладиот соработник, доколку се потпише веднаш, ќе добие 33 270 денари. / Четири години е долго време да се чека за едно добро зголемување, бидејќи доколку се прифати нашето барање, еден помлад соработник би добил зголемување веднаш од отприлика од 9 до 10 илјади денари, а со понудата на Влада тоа истото би се случило за 4 до 5 години. “ кажа Трпе Деаноски, УПОЗ.

Деаноски вели дека Владата им понудила и методологијата која ќе ја договорат да се применува од март наредната година, што за синдикатите е неприфатливо. Двете страни, ставовите треба да ги испеглаат на состанок на економско социјалниот совет, но тој се уште не е закажан.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles