12.6 C
Struga
Friday, May 10, 2024
spot_img

Високите температури во Европа и САД рушат рекорди, се очекува уште потопол бран

Високите температури рушат рекорди во многу делови од Европа и Соединетите Американски држави, а се очекува уште потопол бран. Експертите образложуваат дека екстремните температури, како резултат на глобалното затоплување, се сигнал за климатска криза.

Топлотниот бран предизвика низа пожари на европско тло. Најтешка е состојбата во Португалија, Шпанија, Франција, каде пожарите одзедоа стотина животи, а илјадници лица се евакуирани.

Британија воведе рестрикции на шинскиот сообраќај бидејќи постои опасност од изобличување на шините поради екстремно високите температури. И Холандија презеде мерки за заштита. Таму се фрла сол на одредени патишта со цел да се намали температурата на асфалтот. А подвижните мостови постојано се прскаат со вода за да се намали ширењето на челикот и да спречи заглавување на мостовите.

Само во последната недела на 50-тина локации ширум светот се регистрирани историски највисоки температури.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles