9 C
Struga
Tuesday, March 19, 2024
spot_img

Вирусот што го убива ракот за прв пат е тестиран на луѓе и покажува одлични резултати

Медицината секој ден сѐ повеќе напредува, а тоа го покажуваат истражувањата на научниците кои постојано доаѓаат до нови откритија.

Овој пат добри вести доаѓаат од Велика Британија, каде што научниците дошле до неверојатно откритие – вирус кој во иднина би можел да лекува рак.

Новиот тип на терапија, која што користи вирус чија цел е да ги уништи клетките на ракот, покажала позитивни резултати на првите тестови кај луѓето, потврдија научниците. Кај еден пациент ракот целосно исчезнал, додека кај други се намалил. Лекот што се користи е всушност ослабена форма на вирусот на херпес симплекс модифициран да убива тумори, јавува Би-Би-Си.

Кшиштоф Војковски, 39-годишен градежен работник, е еден од пациентите кои учествувале во првата фаза од испитувањето. Тој објаснува дека во 2017 година му бил дијагностициран рак на плунковните жлезди и покрај операцијата и другите третмани на кои бил подложен, неговиот рак не се намалил, туку продолжил да расте.

“Лекарите ми рекоа дека нема повеќе опции за мене, дека нема решение. Ме советуваа да се откажам, но тоа беше поразително за мене. Ниту една секунда не размислував кога ме поканија да се приклучам на истражувањето. Немав што повеќе да изгубам“, изјави Војковски, кој добил одлична вест по краткото лекување. Неговиот рак го нема.

„Примав инјекции на секои две недели во период од пет недели кои целосно ми го искоренија ракот. Сега веќе две години сум без рак“, додава тој.

Инјекциите кои се инјектираат директно во туморот го напаѓаат ракот на два начина – со инвазија на канцерогените клетки, што предизвикува нивно распаѓање и со активирање на имунолошкиот систем. Во споменатото истражување учествувале околу 40 пациенти, некои ја примиле самата вирусна инјекција, додека други добиле друг лек против рак наречен Ниволумаб.

Авторот и водач на студијата, професорот Кевин Харингтон од Универзитетот во Лондон, изјави за Би-Би-Си дека одговорот на телото на терапијата е „навистина импресивен“ во различни фази на рак, без разлика дали е тоа почетна форма или веќе напреднат.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles