12.9 C
Struga
Wednesday, May 8, 2024
spot_img

Викендов во Струга ќе се одржат ,,Струшки книжевни средби“

Претстојниов викенд, во Струга ќе се одржат „Струшки книжевни средби“ – 2022, една од најстарите во земјата и најпознати книжевни манифестациии од меѓународен карактер.

Манифестацијата започнува, во петок, 16 септември, на терасата во,,Xотел – Београд”, со Поетска средба и учество на авторите кои допатувале од странство.

Наредниот ден, во сабота, 17 септември, поетите од земјата и светот се селат во импресивниот амбиент во Вевчани, каде во во тремот на црквата “Св. Никола”, ќе се одржи “Поетска панорама”, насловена: „Од еден до друг брег“ („Са jedne на drugу obalу“), што е наслов на поетската збирка со творби од македонски и хрватски поети.

Застапени се вкупно 28 поети, по 14 од двете земји, додека авторите се од Охридско-струшката и Риечката ривиера.

Книгата е издадена од Здружението за литература, култура и уметност „Бран“ од Струга, инаку, организатор на „СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“, а во соработка со Хрватското книжевно друштво „Книжевно перо“ од Риека.

Промотори се Васил Тоциновски , Димче Шипинкаровски и Мишо Китаноски.

Присутните автори од Хрватска и Македонија ќе ги читаат свои песни.

Истиот ден, во импресивниот амбиент на Вевчанските извори  ќе се одржи манифестацијата “Поетски хепенинг”, додека на учесниците ќе им биде приреден ручек во пририда.

Истиот ден, учесниците ќе го посетат вечното почивалиште на истакнатиот поет, писател, есеист и книжевен критичар, Петко Шипионкаровски, основачот на ,,Струшки книжевни средби“ каде ќе му оддат почит, со полгање цвеќе и пригодно обраќање.

Попладнето, во Xотел Београд, ќе се одржи промовија на најновиот, дваесетти број од книжевната ревија „БРАНУВАЊА“, овој пат целосно  посветена на првиот уредник и издавач Петко Шипинкаровски.

Промотори се проф д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, Мишо Китаноски

И Димче Шипинкаровски, додека модератор ќе биде Верица Мукоска.

Воедно, беседа во чест и слава на Петко Шипинкаровски ќе одржи новинарот и публицист Мишо Китаноски.

Истовремено, ќе се изврши доделување на Наградата за ,,ЖИВОТНО ДЕЛО” за 2022 година, која му припадна на новинарот во пензија од Струга, Наум Бајо, како и на Наградата за „ПОСЕБНИ КНИЖЕВНИ ОСТВАРУВАЊА ОД СТРАНСТВО“, за 2022 година, годинава, доделена на Никола Шимиќ Тонин, од Задар Хрватска.

Наградите се доделуват во чест на Петко Шипинкаровски и се насловени како ,,Петковиот аманет “.

На сите учесници, покрај Сертификат ќе им биде доделен 20-тиот број од ревијата ,,Бранувања”, во која е објавено нивно авторско дело, две збирки песни од Петко Шипинкаровски, како и пластична статуетка – сталак за чување на книги со наслов ,,Петковиот аманет”.

„Струшки книжевни средби  – 2022, завршуваат со,,Поетско матине” и настап на учесници на Конкурсот за творби посветени на Петко Шипинкаровски.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles