11.1 C
Struga
Friday, May 3, 2024
spot_img

ВИДЕО: Струшките судии работат согласно закон, тврди комисијата на Судскиот совет за влијанието на Рамиз Мерко

Миљазим Мустафа, претседателот на работната група на Судскиот совет која беше во проверка на Основен суд Струга поради сомневање за наводно влијание на градоначалникот Рамиз Мерко кој неодамна беше ставен на црната листа на САД, на денешната седница образложуваше за проверките кои ги извршиле во судот во Струга.

„Беше извршен разговор со сите судии во судот, сите категорично демантираат дека им е вршен било каков притисок при работењето, како генерален заклучок кој можам да го споделам со вас од од увидот на предметите констатирано е дека нема пропусти од страна на судиите и претседателот и истите се распоредени според Акмис системот, запазени се роковите, од нивна страна забележано е дека нема никакви процедурални пропусти.

Тој уште еднап потенцира дека е извршен разговор со сите судии и дека оттаму го носат заклучокот.

„По извршениот увид, повикани се сите судии и со нив е извршен разговор во однос на работата на судот и евентуалните притисоци и сите едногласни беа дека немаат никакви притисоци од надвор и дека работат согласно законот и другите позитивни прописи“,

рече претседателот на комисијата којашто ја формираше Судскиот совет и беше во проверка струшкиот суд и евентуалното влијание на градоначаникот Рамиз Мерко врз судски одлуки од овој суд.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles