8 C
Struga
Thursday, April 25, 2024
spot_img

Бочварски: Очекувам со засилено темпо да продолжат градежните работи на автопатот Кичево-Охрид и да биде испочитуван зададениот рок

Се води тековна координација со сите субјекти и институции инволвирани во проектот за уредување и решавање на сите постапки за експропријација за да може да се забрзаат градежните активности на сите позиции на автопатот Охрид-Кичево, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, вчера во Охрид, изразувајќи очекување дека ќе биде испочитуван зададениот рок за изградба.

Имаме тековна координација со сите засегнати институции. Ова е нешто што го правиме перманентно последните месеци. Очекувам со засилено темпо да продолжат градежните работи оваа година, секако со подобрувањето на временските услови да се оствари поголем напредок и автопатот по секции како што ќе биде завршен да биде отворен за сообраќај, рече Бочварски.

Бројката на градежни работници кои работат на трасата според последниот извештај е 900-тини и се очекува таа бројка да се зголемува со цел да биде испочитуван зададениот рокот за изградба, потенцираше Бочварски.

Работиме тековно согласно договорот и процедурите и во однос на цената на чинење таа е 598 милиони евра. Во моментов имаме таква договорена цена и неможам да прејудицирам дали истата ќе биде пониска или повисока рече Бочварски.

Бочварски најави и дека во тек е тендерската постапка за обнова на патниот правец Охрид-Св.Наум за кој по завршување на истата ќе бидат дадени информации за отпочнување на градежните активности на овој патен правец.

За делницата Требеништа- Струга-Ќафасан, пак, вели влезена е во проектот за реализација со компанијата Бектел и во моментов се одвиваат преговори со консултанстката куќа, по што очекуваат да биде информирана Владата и ќе се носи одлука.

Инаку, изградбата на автопатот стартуваше во 2014 година. Требаше да биде готов до 2018 година, но по промената на власта, според образложението на надлежните институции, поради пропусти во проектирањето, со анекс на Договорот рокот беше продолжен до 30 јуни 2021. И тој рок беше продолжен до крајот на оваа година, исто така со анекс на Договорот.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles