8 C
Struga
Thursday, April 25, 2024
spot_img

Бајден објави нови санкции против Русија 

Претседателот на Соединетите Американски Држави најави дека САД драстично ќе го намалат трговскиот статус со Русија како казна за инвазијата на Украина, а исто така ќе забранат увоз на руска морска храна, алкохол и дијаманти. Мерките вклучуваат и забрана за извоз на луксузни стоки во Русија, што  тутун, облека, накит, автомобили и антиквитети.

Овие трговски мерки против Русија, рече Бајден, се преземаат во координација со Европската унија и земјите од Г7. “Слободниот свет се здружува за да се соочи со Путин“, рече Бајден од Белата куќа. Промените на претседателот Бајден во трговскиот статус со Русија доаѓаат откако расте двопартискиот притисок во Вашингтон за да се укине она што официјално е познато како „трајни нормални трговски односи“ со Русија.

Целта на овие мерки, според американски официјални лица, е да продолжи нанесувањето штета на руските олигарси, при што САД продолжуваат со напорите да вршат притисок врз блиските луѓе до рускиот претседател Владимир Путин. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles