23 C
Struga
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Агелер за Бехтел и Енка: Процесите се транспарентни и законски, опозицијата критикува без да ги има информациите

Американсаката амбасадорка Аглер застана цврсто зад Договорот со Бехтел и Енка. Таа во интервју за МИА вели дека верува дека целиот процес бил транспарентен и законски и дека опозицијата критикува Договор за кој не ги знае сите факти и информации. Се сомнева дека обвинувањата за изградбата на Коридорите се прават за прибирање на политички поени.

Пораките на Агелер денеска тема и во амандманската расправа за пакетот на закони поврзани со Договорот. За власта дипломатката всушност ја демантира опозицијата дека се работи за грабеж на столетието. Од опозцијата пак, сметаат дека амбасадорката побарала објавување на Договорот.

Во пленарната сала пак, на расправата за за законите опозицијата се уште најмногу критикува за злоупотребата на европското знаменце, со обвинување дека ризикуваме ново вето не од Бугарија, туку од други држави членки.
Премиерот Ковачевски, пак, не откри дали има одговор од Брисел на писмото со објаснување зошто е потребна брзата „европска“ трака за носење на законите. Коридорот е дефинтивно влезен на европската мапа, а знаменцето е за да се одбегнат блокадите, вели Ковачевски.

Законските измени поврзани со Договорот за Бехтел и Енка влегуваат во конечна фаза за нивно донесување. Собраниската расправа се очечкува да заврши до средината на наредната недела. Гласањето за законите пак, ќе се прави во пакет за власта, наместо секојдневно, само во еден ден да го обезбеди потребниот кворум за тие да бидат донесени.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles