19 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

Ќе се бара одржливо решение за усогласување и пораст на пензиите 

Државата да биде внимателна во креирањето на нова методологија за раст на пензиите, сугерираат експертите. 

Потребно е долгорочно решение, кое ќе го одржува стабилен пензискиот систем, смета универзитетскиот професор Борче Треновски. Вели опции има, но најважно е да се најда вистинската формула.

„Може да се оди кон решение кое ќе овозможи распонот помеѓу најниски и највисоки пензии да се намали. Пониските поради заштита на стандарот да се зголемат со поголем процент. Тоа е еден вид на политичко економско решение, но мора да се постави механизам кој нема да дојде ред од друга Влада, да се бараат дополнително зголемувања кои не се базирани на економска логика.“ изјави Борче Треновски, универзитетски професор.

Според економистот Абил Бауш пак, потребни се повеќе структурни реформи во целата економија за на долг рок пензискиот систем да остане стабилен.

„Тоа е тенденција на зголемување на работна сила и стапка на вработеност и што е многу важно да не го зголемиме трендот на миграција. Нашата работна сила си оди од нашата држава, тука да се најде таа структурна реформа.“ истакна Абил Бауш, економист.

На средбата минатата недела во Владата, пензионерите од владините претставници побараа во пресметката за пензиите да се вметне и растот на платите. Договор немаше, но очекувањата се решение да се најде на наредната средба, закажана за март.

Во моментов усогласување на пензиите се прави два пати во годината според порастот на трошоците за живот. Во јануари пензиите пораснаа за 2,9%. Инаку најниската пензија во земјава изнесува 10 илјади денари.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles