19.5 C
Struga
Saturday, June 25, 2022
spot_img

Ќе има ли намалување на деновите за изолација на позитивните од Ковид-19?

Во четиричлено семејство сите се со симптоми, а само еден е тестиран и е влезен во официјалната Ковид статистика на позитивни случаи. Ова е само еден пример кој го посочува матичен лекар со тврдење дека бројките на новозаразени се најмалку 3 пати поголеми од оние во дневните извештаи. Од друга страна, докторот вели дека голем број граѓани, повеќето млади сами се тестираат со брзи тестови од аптека за да не седат дома.

Но, и покрај ваквите ситуации во Државниот санитарен и здравствен инспекторат од почетокот на годината бележат драстично зголемување на бројот на решенија за изолација. За 5 дена издадени се 5954 вакви документи. Од нив само 642 се контакти, останатите имале позитивен тест.

-Се забележува една разлика во бројките на позитивни и контакти, меѓутоа тоа се должи и на присутни вакцинирани лица, лица прележани и оваа бројка секако треба време да се направи сериозна епидењмиолошка анкета, така да очекуваме дека бројката на издадени решенија врз основ на контакти наредните денови ќе се зголеми, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

Но, епидемиолози со кои контактираше Сител велат дека продолжува трендот позитивните да не ги кажуваат контактите иако во поголеми друштва присуствувале на новогодишните забави.

Инаку комплетно вакцинирано лице кое било во контакт со заразен не значи дека по автоматизам е ослободен од самоизолација.

-Епидемиологот спроведувајќи епидемиолошка анкета врши проценка дали комплетно вакцинирано лице ќе добие решение за самоизолација или не од времето на експонираност на вирусот или други фактори и не значи по дифолт дека вакцинирано лице ќе добие решение за изолација по основ на контакт, вели д-р Сотирова Бухова.

Според сегашните мерки, лицата кои имаат контакт со заразено лице треба да бидат во самоизолација 2 недели. Најавите се дека Комисијата за заразни болести на наредниот состанок ќе предложи намалување на 10 дена, а асимптоматските позитивни случаи наместо 10 да седат дома 7 дена.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles