3.9 C
Struga
Tuesday, March 5, 2024
spot_img

Јапонците масовно им избираат брачни партнери на своите деца

Со оглед на зголемените трошоци за живот, лошите економски перспективи и напорната работна култура, сè помалку Јапонци денес избираат да се омажат и да имаат деца. Тогаш стапуваат нивните родители, загрижени за сѐ помалите шанси да добијат внуци, пренесува CNN.

На состаноците „омијаи“ – посредување во бракот, родителите зборуваат за своите возрасни, слободни деца, за кои се надеваат дека ќе најдат љубов.

Секој од родителите издвојува по 14.000 јени (89 евра) за учество на ваков настан. „Идејата дека е во ред родителите да им помагаат на своите деца да се венчаат на овој начин стана сѐ пораспространета“, вели Норико Мијагоши, директор на компанија која организира брачни настани речиси две децении.

Во минатото, на луѓето можеби им било непријатно да присуствуваат на овие настани, додаде таа. „Но, времињата се сменија“.

Во Јапонија денес има сè помалку бракови и помалку луѓе. Наталитетот долго време беше на надолна траекторија и во годината до јануари, според владините податоци, претрпе рекорден пад од 800.523 на 125,4 милиони.

Бројот на новорегистрирани бракови во Јапонија во 2021 година падна на 501.116, што е најниско од крајот на Втората светска војна и само половина од бројот на бракови регистрирани во 1970-тите.

Јапонците се венчаваат сѐ подоцна и подоцна – просечната возраст во 2021 година беше 34 години за мажи во споредба со 29 во 1990 година и 31 за жени во споредба со 27 години во 1990 година.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles