17 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад

Министерство за информатичко општество и администрација, врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр. 101/19, 275/19 и 122/21) и Одлуката за давање на согласност бр 41-7134/5 од 25.07.2023 година за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија („Службен Весник на Република Северна Македонија“бр. 166 од 04.08.2023 година), објавува јавен повик за избор на правнo лицe кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад за движни ствари – опрема, електронска, електрична и информатичка опрема, како и други основни средства – инвентар, кои немаат вредност односно се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и не можат да се продадат или разменат како такви, и истите не се користат од страна на Министерство за информатичко општество и администрација.

Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари – електронска, електрична и информатичка опрема и друг инвентар, предмет на јавниот повик и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи, без надоместок.

Движните ствари се наоѓаат на приземје во зградата на Министерство за информатичко општество и администрација, Бул. „Св.Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад (електронски отпад и друг отпад), издадена од надлежен орган.

Лицe за контакт во врска со јавниот повик: Лидија Илиева, телефон за контакт: 071 204 162,   електронска адреса: lidija.ilieva@mioa.gov.mk .

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на Министерство за информатичко општество и администрација, Бул. „Св.Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје или електронски, преку следниот линк: Јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад објавен на веб страната на Министерство за информатичко општество и администрација.

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 21.08.2023 година до 12.00 часот.

Прилог документи:

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles