21 C
Struga
Sunday, July 3, 2022
spot_img

Швајцарија ги укинува ковид- потврдите, задолжителното носење маски…

Швајцарија денеска соопшти дека ги укинува речиси сите мерки за контрола на Ковид-19, а до крајот на март ќе останат само маските во јавниот превоз и во здравствените установи, како и изолација на пациентите.

Од утре повторно е возможен влез во продавници, ресторани, културни манифестации, институции отворени за јавноста и собири без маска и потврда за КОВИД, се вели во соопштението на Сојузниот совет (Владата). Се укинува и задолжителното носење маска – освен во јавниот превоз и во здравствените установи – и препораките за работа од дома.

Се укинуваат и задолжителното презентирање на потврди за коронавирус на поголемите собири, ограничувањата на приватните собири и ограничувањата на капацитетот во продавниците на мало и жичарниците.

Според федералните власти, епидемиолошката состојба во Швајцарија продолжува да се развива во позитивна насока и „поради зголемениот имунитет на населението, малку е веројатно дека ќе има преоптоварување на здравствениот систем и покрај понатамошните значителни циркулации на вирусот. “

„Сојузниот совет затоа смета дека се исполнети условите за брзо нормализирање на општествениот и економскиот живот“, посочуваат оттаму. Оваа алпска земја со 8,6 милиони жители пријавила скоро 12.530 смртни случаи од Ковид од почетокот на пандемијата, што е повеќе од 144 смртни случаи на 100.000 жители. Речиси 69 отсто од населението е целосно вакцинирано, објави Ројтерс.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles