Министерот за образование, Јетон Шаќири ги повика сите чинители вклучени во образовниот процес, вклучително и учениците, наставниците и родителите да дадат максимален придонес, наставата да продолжи со физичко присуство.
Според Шаќири, учењето од далечина (онлајн) и она со физичкото присуство, не можат да бидат исти за предметот математика. Од образованието со физичко присуство се очекуваат подобри резултати, рече Шаќири.
„Важно е сите да дадеме максимален придонес, да бидеме физички присутни. Различни истражувања не само кај нас, туку и надвор се дека постојат одредени предмети во кои физичкото присуство дава подобри резултати. За Математика е поинаку, јас го земам примерот и учењето онлајн е различно по Математика. И оттука апелирам до учениците, бидејќи имаат голема желба да бидат на училиште, иста желба да ги почитуваме протоколите и да си го одржуваме здравјето“, рече Шаќири.