21 C
Struga
Sunday, July 3, 2022
spot_img

Шаќири: Печатени учебници мора да постојат, но тоа не ја исклучува важноста на дигиталната форма

Печатената верзија на учебниците, согласно постоечкиот Закон за учебници во основното и средното образование е неопходна во наставата, но тоа не ја исклучува и важноста на дигиталната форма, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на првата конститутивна седница на Националната комисија за учебници формирана од Владата, која се одржа во МОН.

– Како министер задолжен за непречено одвивање на образовниот процес Ви нудам отворена соработка, секогаш ќе бидам достапен за надминување на евентуални ситуации и проблеми што би се наметнале во текот на работењето, рече министерот пред членовите на Комисијата.

Според министерот, важно е да се работи тимски, затоа што, како што рече, само така ќе стасаме до успешни резултати,

В.д. директорката на Педагошката служба, Вангелија Велева повикувајќи се на досегашното искуство од работењето, укажа дека процесот на создавање еден учебник е долг и гломазен, најчесто заглавен низ лавиринти што не зависат од вработените, но должност и обврска на МОН и Педагошката служба е да помогнат во процесот на продуцирање квалитетни учебници.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles