6 C
Struga
Saturday, January 28, 2023
spot_img

Шаќири -Гир: Значајна поддршка од ЕУ за унапредување на образовниот систем

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и шефот на Делегацијата на Европската Унија Дејвид Гир на средба разговараа за јакнењето на соработката и операционализацијата на проектите за унапредување на образовниот систем. Поддршката што ЕУ и ја дава на нашата држава е многу значајна за реализација на реформските процеси во сите сфери, вклучително и во образованието, нагласи министерот Шаќири, посочувајќи посебно на реформите во основното образование, кои почнаа од оваа учебна година како и на доближувањето на средното стручно образование до потребите на пазрот на труд.

„Почнавме со настава во прво и во четврто одделение според нови програми, кои имаат за цел да го доближат нашето школство до најдобрите европски образовни системи, и да градат генерации со европски вредности како што се почитување на различностите, толеранција, мултикултурализам. Конструктивната поддршка што ја добиваме од нашите партнери од Европската Унија, преку ИПА програмите, придонесуваат за побрза реорганизација на средното стручно образование и на јакнење на Националната рамка на квалификации, како придонес кон поголема вработливост, мобилност и социјална интеграција на граѓаните“, рече министерот Шаќири.

ЕУ е наш голем поддржувач за обезбедување модерна образовна инфраструктура, како услов за квалитетно образование.

Евроамбасадорот Гир уште еднаш укажа на подготвеноста на Делегацијата на ЕУ да биде посветен партнер на Република Северна Македонија во градењето силен демократски образовен систем, кој ќе образува европски граѓани.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles