21 C
Struga
Wednesday, June 26, 2024
spot_img

Цариниците изминатата недела заплениле девизи, козметика, текстил и оружје

Извештај на Царинската управа за заплени од изминатава недела

На граничниот премин Табановце на влез во државава се запленети 422 парчиња шминки во вредност од речиси 190 илјади денари, откако оперативниот тим при детален преглед со скенер истите ги откри во торба скриена во кабина на товарно моторно возило со штипски регистарски таблички.

На граничниот премин Блаце:

– На влез во државава се пријави автомобил со кичевски регистарски таблички управувано од македонски државјанин. Откако одговори дека нема ништо за пријавување, мобилниот тим го селектираше за детален преглед при што во три црни ќеси пронајде 191 парчиња текстилни производи со вкупна вредност од 137.711 денари.

– Царински службеници спречија нелегален внес на девизи во државава во износ од 5.000 евра, откако државјани од Ирак кои со себе носеле 25 илјади евра на граничниот премин Блаце пријавиле само 20 илјади евра. Непријавените девизи во износ од пет илјади евра, биле скриени зад заштитникот од сонце од страната на возачот.

На граничниот премин Свети Наум во Охрид, царински службеници спречија нелегален внес на семенски материјал во нашата држава во вкупна вредност од 611.925 денари, откриени во патничко возило со албански регистарски таблички управувано од албански државјанин.

Спречено е и нелегално внесување на огнено оружје, откако царински службеници на граничниот премин Меџитлија на влез во државава при контрола на возило со грчки регистарски таблички управувано од грчки државјанин открија ловечка пушка која истиот не ја пријави и за која немаше соодветна дозвола за внес во државава.

На граничниот премин Богородица мобилниот тим на Царинска управа заплени непријавени 3.180 парчиња цвеќиња кои не се опфатени со царинска дакларација во вкупна вредност од околу 84 илјади денари, откриени во товарно моторно возило.

Стоката во сите случаи е задржана, а против лицата се поднесени соодветни пријави.

Царинска управа 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles