7 C
Struga
Thursday, February 22, 2024
spot_img

Форд го претстави најсилниот Мустанг во историјата – има 800 КС и смее да излезе на пат

Доколку сте љубител на Volkswagen, кратенката GTD ќе ве одведе во сосема поинаква насока. Ова е буквално IMSA GTD, тркачки автомобил кој ги исполнува спецификацијата FIA GT3. И овој Mustang е навистина тркачки автомобил, кој случајно е и легален за патиштата.

Опремен со адаптивна тркачка шасија и елементи на активна аеродинамика, овој автомобил е придвижуван од мотор кој сега испорачува над 800 КС. Спротивно на најавите, 5.2 V8 мотор не е поставен централно, туку оставен пред возачот. Најсилниот Mustang во историјата добива и титаниумски издувен систем, а црвената зона е само на 7500 вртежи во минута.

Распределбата на масата е идеална, 50:50, со менувачот поставен на задната страна. Се работи за осумстепен менувач со две спојки. Да ја споменеме великодушната употреба на јаглерод, сѐ со цел да се оптимизира тежината на возилото. Целта е јасна, а тоа е да се комплетира круг на Нирбургринг со време под 7 минути.

За таков автомобил Ford ќе бара околу 300.000 американски долари, но со услов за купување како што е при нарачката на Ford GT. Затоа, на препродавачите им е забрането да влегуваат во играта. Првите испораки се очекуваат на крајот на следната година.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles