6 C
Struga
Sunday, December 4, 2022
spot_img

Фон дер Лајен и Мишел ја предупредија Кина: Ќе следиме дали ѝ праќате помош на Русија

Угледот на Кина е доведен во прашање доколку одлучи да ѝ помогне на Русија да избегне меѓународни санкции, предупреди претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по онлајн самитот со кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Продолжувањето на војната и уште поголемите нарушувања во светската економија не се во ничиј интерес“, напишала таа на Твитер.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека Кина „не може да замижи пред руското кршење на меѓународното право“. „Европската унија би ги поздравила позитивните чекори на Кина да помогне да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина“, додаде Мишел.

„Ќе останеме претпазливи за секој обид за финансиска или воена помош за Русија или за заобиколување на санкциите наметнати на Русија поради нејзината инвазија на Украина“, рече Мишел, додавајќи: „Но, секој потег на Кина да помогне да се стави крај на војната ќе биде добредојден“.

Пекинг се противи на заземање страна во руската инвазија на Украина, изјави претходно кинескиот премиер Ли Кечијанг на претставниците на Европската Унија.

Ли на претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, и на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, преку видео врска им кажа дека Кина „се противи на поделбата на блокови и заземање страна“, рече кинескиот дипломат.

Кинескиот премиер одговори на барањето на Европската унија на самитот ЕУ-Кина, Кина да го искористи своето влијание и да помогне да се стави крај на конфликтот во Украина.

Ли Кечијанг им рекол на лидерите на Европската унија дека Кина се залага за мировни преговори во Украина „на свој начин“, објави државната телевизија CCTV.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles