19 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

УЈП: Завршија контролите на терен, нема затворен објект

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека завршија контролите на терен во и ниту еден маркет не е затворен, ниту до овој момент се изречени казни кон овој даночен обврзник.

– Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата. Во таа насока, а по пријава на граѓани и институции, УЈП почна со надворешна контрола, согласно законот за увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците, со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од малопродажните објекти, не само во погоре посочениот маркет, туку и кај некои други маркети на големите ланци, се пресметувалo пет отсто ДДВ за основните производи за храна, наведува УЈП.

Дел од маркетите, според Управата, продавале масло за јадење, свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што е спротивно на одлуката на Владата и на измените во  Законот за данок на додадена вредност.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles