-4 C
Struga
Monday, January 24, 2022
spot_img

Ученици од СОУ ,,Нико Нестор” добија грант за иновативното решение „Safe the lakе”

СОУ ,,Нико Нестор” повторно меѓу најдобрите. Од вкупно четриесет апликанти кои имаа задача да понудат иновативно решение за заштита на животната средина, учениците Ангела Грческа, Бојана Коцоска, Александра Мурџеска, Гоце Чакар и Иван Пупиноски под менторство на професорката Светлана Ѓуроска беа избрани во најдобрите десет и присуствуваа на тридневна работилница за социјално претприемништво на која ги развиваа своите иновативни решенија за намалување на загадувањето.

,,По завршувањето на обуката следеше натпревар каде нашите ученици ги освоија симпатиите на жири комисијата и влегоа во најдобрите пет тима од државава на кои им беше доделен грант за реализација на решението,,Safe the lake”, при што ќе го мерат загадувањето на езерото и податоците ќе ги пренесуваат на веб страна, од каде ќе можат да ги користат сите заинтересирани страни, а преку информациите за загаденоста ќе се подигнува свеста за заштита на нашиот природен бисер ,,Охридското езеро”.,,-информира професорката Светлана Ѓуроска.Натпреварот беше организиран од CEED hub, UNICEF, Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles