8.3 C
Struga
Thursday, December 8, 2022
spot_img

Утре облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. 

На места врнежите ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието, информират од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

И во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 17 степени. 

Во вторник ќе се задржи променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд. Од среда дневната температура ќе биде во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles