24 C
Struga
Monday, May 23, 2022
spot_img

Утре нова рунда преговори на синдикатот за образование и наука и владата

Нова рунда преговори, од утре Синдикатот за образование и наука и надлежните на маса повторно ќе ги стават оворените прашања, ќе има ли договор до 11 април?

Да, за повисоки плати во образованието но не сега. Целта е наоѓање на заеднички прифатливо решение за сите страни во услови на економска криза – велат од Илинденска број 2 за ТВ24.

„Заштитата на стандардот и интегритетот на наставниот кадар е врвен приоритет на Владата, токму овој дијалог очекуваме да биде стартната позиција врз основа на која ќе се унапредува статусот на вработените во воспитно-образовниот систем.“ – велат од  Влада на РСМ.

Ако до 11 април ништо не се промени СОНК не отстапува, штрајк ќе има, училиштата и градинките нема да работат, се додека не се исполнaт нивните  барања за раст на платите согласно сложеноста и коефициентот на работното место. Кризата влијае на сите, вели  за ТВ 24 првиот човек на синдикатот, Јаким Неделков. Доколку утре нема договор одлуката за штрајк ќе биде испратена до сите засегнати страни.

„Очекуваме посериозни анализи. Доколку не постигнеме договор утре, или најдоцна до 11-ти, нема да отстапиме од штрајкот. Криза е за сите, и за нашите работници.“ – вели Јаким Неделков претседател на СОНК.

Реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Велат енормно се троши за непродуктивни трошоци, а во Буџетот нема пари за зголемување на плати за вработените во образовниот процес.

„Потребно е веднаш да се усогласат платите со колективните договори. Власта е глува за барањата на наставниците, професорите и воспитувачките во градинките за покачување на платите. Ако се почитува колективниот договор кај професорите и наставниците, нивните плати ќе достигнат и до 45 илјади денари.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На 7-ми и 8-ми април незадоволството преку двочасовен прекин во работата ќе го искажат и од УПОЗ, Синдикатот за управа и правосудство. Предочуваат дека во овој сектор постојат вработени што поради законски препреки не можат да ја земат ниту загарантираната минимална плата. Претходно минатата недела на протест излегоа и од Конфедерацијата на слободни синдикати.

Предлогот на ССМ, пак е линеарно зголемување од 2 800 денари за сите вработени во јавен и приватен сектор.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles