8.3 C
Struga
Friday, December 9, 2022
spot_img

Украинците тврдат дека Русите им крадат жито за да го заплашат светот со недостиг на храна 

Украинските власти ги обвинија руските сили за „ограбување“ на пченицата од деловите на земјата што ја окупираа, потег што ја зголемува заканата за глобалниот недостиг на храна.

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти: „Крадењето на жито од регионот Херсон, како и блокирањето на пратките од украинските пристаништа и одземањето на бродските патеки, ја загрозуваат безбедноста со недостиг на храна во светот“.

Министерството побарало Русија да ја запре „нелегалната кражба на жито, да ги деблокира украинските пристаништа, да ја врати слободата на пловидба и да дозволи минување на трговските бродови“.

Со своите незаконски дејствија Русија ја ограбува не само Украина туку и „потрошувачите во странство“.

„Обединетите нации проценуваат дека околу 1,7 милијарди луѓе може да се соочат со сиромаштија и глад поради прекин на снабдување со храна како резултат на целосната војна што Русија ја води против Украина“, додаде Министерството.

Запрашан за наводите, Кремљ соопштил дека нема информации за ова прашање.

Генералштабот на вооружените сили на Украина, исто така, денеска тврдеше дека руските војници ги „ограбуваат“ резервите на пченица, додека продолжуваат тешките борби во источните и јужните региони на земјата.

„Руските окупатори ги ограбуваат селаните“, велат од Генералштабот. „Така, на пример, над 60 тони пченица заедно со товарните камиони се украдени од земјоделската задруга во градот Камијанка-Днипровска.

Си-Ен-Ен не може самостојно да ги потврди овие наводи.

Иван Федоров, градоначалник на јужниот град Мелитопол, кој со недели го држат руските војници, исто така зборуваше за крадење на резервите со жито.

„Денес премина во индустриски размери“, рече тој. „Вчера објавивме видео од конвој од 50+ автомобили со приколки кои вадат жито од нашите окупирани територии… А денес не знаеме каде го испратија.“

Областа околу Мелитопол произведува значителни житни култури.

Украина е позната како „корпа за леб на Европа“ и е клучен извор на пченица и пченка, особено за земјите од Блискиот Исток и Северна Африка кои зависат од увозот. Веројатното големо нарушување на жетвата оваа година може да биде катастрофа, оставајќи ги овие земји во недостиг и зголемување на цените за важните земјоделски стоки.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles